4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСупернамирници за рамен стомак

Супернамирници за рамен стомак

Со оглед на тоа дека летото е веќе тука, многу припаднички на понежниот пол, но и на посилниот, веќе на големо се подготвуваат за костимот за капење

Не се доволни само вежбите, тука и производите што докажано ги топат мастите. Ако сакате рамен и секси стомак, секако, дека е потребно да вежбате, но освен тоа можат да ви помогнат и суперпроизводите што докажано ги топат мастите на стомакот и придонесуваат за зајакнување на мускулите во тој дел од телото.

Јогурт – Во волшебната моќ на јогуртот многумина веќе се уверија, одличен е при надуеност, затоа што ја поттикнува работата на цревата и овозможува полесно варење. Експертите советуваат да се пие барем еден јогурт дневно.

Зелен чај – Три филџани зелен чај дневно го поттикнуваат метаболизмот и согоруваат 30 калории, велат експертите. А зелениот чај е добар и за топење на целулитот.

Авокадо – Авокадото содржи незаситени масти кои влегуваат во категоријата здрави масти, а истражувањата покажале дека е одлично за чувство на ситост и притоа не дебелее. Освен тоа се покажало и дека авокадото посебно добро делува на подрачјето околу половината и придонесува за намалувањето на масните наслаги во тој дел.

Боровинки – Неколку истражувања покажале дека боровинките се вистински антиоксиданс, кој го поттикнува побрзото согорување на калориите, а го забрзуваат и протокот на крв и го спречуваат таложењето на мастите, особено во делот на стомакот.

Чоколадно млеко – Веројатно, дека сега се чудите и не можете ниту да замислите како е можно чоколадното млеко да помага. Имено, чоколадното млеко придонесува за изградба на мускулите, па затоа спортистите често го користат.

Булгур – За оние кои не знаат што е булгур – тоа е делумно варена, сушена и крупно мелена пченица, а е одличен затоа што содржи влакна кои го помагаат варењето и метаболизмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП