3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Kia“ ја прослави 30-годишнината од „Sportage“ со специјална серија (ВИДЕО)

„Kia“ ја прослави 30-годишнината од „Sportage“ со специјална серија (ВИДЕО)

Првата генерација на „Kia Sportage“ беше објавена во 1993-та година и по три децении во кои беа продадени повеќе од 6 милиони примероци, компактниот кросовер добива 30-то издание за да ја одбележи пресвртницата. Тој беше претставен дома во Јужна Кореја, но ќе биде достапен и на други пазари.

Автомобилот може да се пофали со двојно застаклување за сите прозорци на вратите, што би требало да ја направи кабината значително потивка. Безбедноста е исто така подобрена, бидејќи страничните воздушни перничиња за патниците од вториот ред се стандардна опрема.

„Sportage 30th Edition“ е базиран на локалната „Gravity“ верзија, но со сјајно црни акценти на шините на покривот, капачињата на страничните ретровизори и облогата на вратите. Темен изглед имаат и предната решетка и делови од браниците, како и тркалата од 18 и 19 инчи со кои е опремено специјалното издание.

Внатрешноста се карактеризира со необична комбинација на зелена и црна боја која е достапна само на „Sportage 30th Edition“. Самиот кожен тапацир е различен во споредба со оној на обичниот модел бидејќи е нов модел на кожа и има влошки од велур. За да го нагласи значењето на специјалното издание, „Kia“ го извезе и лотото „30th“ на потпирачите за глава на предните седишта.

Тековниот „Sportage“ (со кодно име „NQ5“) доаѓа во две големини, во зависност од тоа каде живеете. Европејците добиваат модел со кратко меѓуоскино растојание, додека верзијата со долго меѓуоскино растојание се продава во земји како САД, Канада и Австралија. Тој е најпродаваниот модел на компанијата од 2016-та година, кога го надмина субкомпактниот хечбек/седан на „Rio“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП