5 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОВА Е ПРИЧИНАТА ЗОШТО КОМАРЦИТЕ ГИ "УБИВААТ" НЕКОИ ЛУЃЕ, А НЕКОИ НЕ:...

ОВА Е ПРИЧИНАТА ЗОШТО КОМАРЦИТЕ ГИ “УБИВААТ” НЕКОИ ЛУЃЕ, А НЕКОИ НЕ: Еве зошто НИКОГАШ нема да ве остават на мира

Сите знаеме колку е непријатно кога комарците ќе не каснат и зад себе оставаат траги на телото, чешање и голема општа непријатност. Потоа прибегнуваме кон различни средства за да се ослободиме од нив, но едно е сигурно, никому не му се пријатни.

Најчесто, сето тоа исчезнува порано или подоцна, но дали некогаш сте се запрашале зошто комарците ве каснуваат почесто од другите луѓе?

Може да има научно објаснување за тоа.

Некои од причините се:

Јаглерод диоксид

Сите ние испуштаме јаглерод диоксид кога дишеме, но можеме да произведеме повеќе кога сме активни, да речеме за време на тренинг. Комарците можат да забележат промени во јаглерод диоксидот во нивната околина, а зголемувањето предизвикува „аларм“ кај комарецот и ги привлекува кај потенцијалниот домаќин, односно во областа каде што го чувствуваат зголемувањето.

Мирис на телото

Некои компоненти кои се присутни на човечката кожа и пот му даваат на нашето тело специфичен мирис, кој ги привлекува комарците, меѓу другите, амонијак и млечна киселина. Сè уште се истражуваат варијации во мирисот на телото кои ги прават некои луѓе попривлечни за комарците, а причините може да вклучуваат бактерии, генетика или комбинација од двете. Една студија од 2015 година, пренесува Healthline, истакна дека мирисите што доаѓаат од рацете на идентични близнаци се попривлечни за комарците!

Бактерии на кожата

Тие играат улога, исто така, а една студија од 2011 година покажа дека луѓето со поголема разновидност на микроби на нивната кожа се помалку привлечни за комарците, а истражувачите идентификувале различни видови бактерии кои се повеќе или помалку привлечни за комарците.

Бои

Истражувачите покажаа дека комарците ги привлекува црната боја, но не е познато зошто. Во секој случај, црните или другите темни бои би можеле да ги привлечат комарците.

Испарувања

Нашите тела генерираат топлина и нивото на испарување варира во зависност од температурата, но комарците можат да го детектираат тоа и тоа игра улога во тоа дали ќе не каснат или не. Една студија покажа дека комарците гравитираат кон извори на топлина кои се на нивната претпочитана температура, но овие фактори варираат.

Учење

Комарците можат да научат да претпочитаат еден вид домаќин пред друг, да речеме по мирис, што се однесува на домаќини од кои можат да „добијат квалитетен оброк“.

Алкохол

Една мала студија од 2002 година покажа дека консумирањето алкохол има врска со каснувања! Луѓето кои консумирале пиво биле попривлечни од луѓето кои не консумирале.

Бременост

Комарците повеќе ги каснуваат трудниците од оние кои не се во блажена состојба, веројатно затоа што имаат повисока телесна температура и произведуваат повеќе јаглерод диоксид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП