8 мај, 2024
ПочетнаСВЕТСАД истражуваат: Што се случило во Северна Кореја?

САД истражуваат: Што се случило во Северна Кореја?

Администрацијата на американскиот претседател Бајден се уште собира релевантни факти за случајот со американскиот војник кој беше приведен од севернокорејските власти.

Тој е приведен поради неовластено преминување на границата и влегување на територијата на Северна Кореја, изјави денеска портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.

Пентагон соопшти дека севернокорејските власти го уапсиле војникот Тревис Т. Кинг, кој им се приклучил на американските сили во 2021 година и оттогаш се соочува со дисциплински мерки.

Во соопштението на американската војска се вели дека се верува дека Кинг е во притвор во Северна Кореја.

Би-Би-Си објави дека се верува дека Кинг е првиот американски војник кој преминал во Северна Кореја од 1982 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП