27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајлошите пасоши за патување во светот

Најлошите пасоши за патување во светот

world-passports-courtesy-struxtravel-dot-com

Глобалната консултантска компанија „Henley and Partners“ направи листа на најлошите пасоши за интернационално патување.

Групацијата ги анализираше прописите за добивање визи на сите земји во светот, рангирајќи ги по слободата на патување за своите граѓани.

Можеби без поголемо изненадување, најдобри оцени добија земјите од Европа. На прво место се наоѓаат Финска, Шведска и Велика Британија на чии граѓани им е дозволен пристап во 173 земји во светот без да им е потребна виза.

На второ место се наоѓаат Данска, Германија, Луксембург и САД, а без виза жителите на овие земји можат да патуваат во 172 земји.

Овие бројки се во голема диспропорција со оние кои се наоѓаат на дното на листата. Суданците, на пример, можат да патуваат во 38 земји без виза, додека граѓаните на Пакистан можаат да бираат меѓу 32 земји.

Погледнете ги земјите чии жители имаат најлоши пасоши за интернационално патување без визи:

10. Либија – граѓаните можат да посетат 38 земји без пасош.

9. Шри Ланка – граѓаните можат да посетат 38 земји без пасош.

8. Судан – граѓаните можат да посетат 38 земји без пасош.

7. Непал – граѓаните можат да посетат 37 земји без пасош.

6. Еритреа – граѓаните можат да посетат 36 земји без пасош.

5. Палестинска територија – граѓаните можат да посетат 36 земји без пасош.

4. Пакистан – граѓаните можат да посетат 32 земји без пасош.

3. Сомалија – граѓаните можат да посетат 32 земји без пасош.

2. Ирак – граѓаните можат да посетат 31 земји без пасош.

1. Авганистан – граѓаните можат да посетат 28 земји без пасош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП