9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВиена Иншуренс Груп убедлив лидер меѓу македонските осигурители

Виена Иншуренс Груп убедлив лидер меѓу македонските осигурители

viner-osiguruvanje

Со завршувањето на третиот квартал од деловната 2013 година и сумирањето на официјалните резултати на македонскиот осигурителен пазар, Виена Иншуренс Груп се наметна како уште поубедлив лидер, држејќи речиси четвртина или поточно 23,7% од целокупниот пазар на осигурување. Со тоа продолжува стабилното опстојување на Винер – Виена Иншуренс Груп на врвот на осигурителниот пазар веќе подолг период.

„Клиентите секогаш ни се поважни од бројките и процентите. Фокусот на нивното задоволство, динамичната ликвидација и експресната исплата на штетите, како и политика на фер цени прилагодени на околностите и економските можности – тоа се трите столба на нашата препознатливост меѓу граѓаните, кои со својата доверба не донесоа на врвот.  Ние пак, со најмоќното реосигурување на пазарот, високата компетентност и експертиза и одличната достапност на продажната мрежа, целосно сме посветени да ја оправдаме таа доверба во сите фази на процесот на осигурување.“ – изјави во оваа пригода д-р Зоран Нарашанов, Генерален директор на Винер – Виена Иншуренс Груп.

Официјалните податоци уште покажуваат дека Винер Осигурување е лидер во решавањето на штетите, односно компанија со убедливо најмал број на резервирани штети. Од компанијата велат дека успехот во овој сегмент се должи на ефикасниот процес на ликвидација на штетите, во рок од 24 часа, надополнет со нивна експресна исплата истиот ден по ликвидацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП