19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАMoody`s ја намали прогнозата за Бразил

Moody`s ја намали прогнозата за Бразил

US Credit Rating

Американската рејтинг агенција „Moody`s“ ја намали прогнозата за кредитниот рејтинг на Бразил поради продлабочените проблеми во економијата на таа земја и ниските изгледи за раст.

Со тоа прогнозата на кредитниот рејтинг на Бразил е намалена од „позитивна“ на „стабилна“, пренесува агенцијата Франс прес.

Рејтинг агенцијата ја задржа оценката за рејтингот на Бразил на „Баа2“, но соопшти дека би можела да ја намали прогнозата на „негативна“ или да го намали кредитниот рејтинг, доколку економијата на Бразил забележи раст кој е помал од три проценти по 2014 година.

Рејтингот на Бразил, според наводите на „Moody`s“, би можел да биде намален и доколу централната банка ја подигне референтната каматна стапка на 10 проценти од моменталните девет проценти и доколу Министерството за финансии го зголеми кредитирањето на државните банки, со што ќе се зголеми владиниот долг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП