2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКорејска луксузна лимузина пристигна во Европа ФОТО

Корејска луксузна лимузина пристигна во Европа ФОТО

„G90“ е врвниот модел што го нуди „Genesis“, премиум брендот на корејскиот гигант „Hyundai“, а во моментов можат да го видат посетителите на фестивалот на брзина во Гудвуд.

Двете верзии, стандардната и продолжената, пристигнаа во Европа и веќе се нудат на одредени пазари. Поточно, „Genesis G90“ моментално е достапен во Швајцарија и Германија.

За потсетување, „Genesis G90“ дебитираше во 2021-ва година, но овој модел дури сега пристигнува во Европа. Иако автомобилот визуелно не се разликува од верзијата со корејски спецификации, производителот вели дека е прилагоден на европските вкусови.

Лоренс Хамилтон, директор на „Genesis Motor Europe“, рече дека вложиле „значителен напор за развој и дотерување на карактеристиките на возењето, динамиката и чувството што го испорачува „G90““.

Тој додаде дека европските автомобили ќе бидат „луксузно специфицирани“ и стандардно ќе бидат опремени со „најдобрата и најнова технологија, луксузна и безбедносна опрема“.

Да потсетиме, „G90“ е прилично голем автомобил. Стандардната верзија мери 5.275 mm, додека продолжената верзија со 190 mm подолго меѓуоскино растојание се протега на 5.465 mm.

Се очекува моделот да се нуди во комбинација од 3,5-литарски V6 мотори со 380 ks и 415 ks во „AWD“, продолжена верзија. Менувачот е автоматски со осум брзини.

„Genesis G90“ во Кореја започнува од 65.606 евра, додека во Европа по цена ќе биде многу поблиску до германските ривали, како што е класата „S“ на „Mercedes“, која чини 111.700 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП