29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да препознаете лош шеф?

Како да препознаете лош шеф?

aA

Едно американско истражување покажува дека 82 проценти од работниците кои не се задоволни од своето работно место, како главна причина го наведуваат лошиот шеф.

Во време кога постојат нестабилни работни околности, многу луѓе прифаќаат да работат во лоши услови сметајќи дека немаат друг избор. Многу од нив, не го покажуваат своето незадоволство од страв дека можеби би се соочиле со  други санкции.

Лошиот шеф не е тешко да се препознае! Работењето во таква работна средина сериозно го нарушува квалитетот на работата и можноста за напредок во истата.

 

Препознајте го лошиот шеф, обрнете внимание на следново:

1.Не ги почитува своите вработени

Ако на разговорот за работа има некој од неговите вработени, забележете на кој начин шефот се однесува со него. Дали обрнува внимание на мислењето на работникот? Добриот шеф ќе дозволи другите вработени да ви постават прашања.

2.Му недостасува визија

Потенцијалниот шеф нема ниту краткорочни, ниту долгорочни планови. Сигурно не би сакале да работите со некој кој нема визија за иднината.

3. Вие го чекате него

Дојдовте на разговор, дури и порано. Интервјуто веќе требаше да започне но, вие и понатаму чекате. Добриот работодавач, секогаш ќе го почитува вашето време

4. Вашите прашања не ги сфаќа сериозно

Ако при поставување на  прашања, потенцијалниот шеф не ве слуша и не се труди воопшто да ви одговори, тогаш дефинитивно се работи за лош шеф.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП