4 мај, 2024
ПочетнаСВЕТРекордно високи температури ширум светот

Рекордно високи температури ширум светот

Голем дел од Европа и делови од Северна Америка и Азија беа погодени од топлотен бран. Се очекува да се срушат рекордите во досега измерените температури.

На Кипар и Никозија измерени се 43 степени, на југот на Грција 41, во Шпанија Сарагоса 40 и во Мостар, 38. Топлотен бран ги зафати Австрија и Германија, каде температурите достигнаа до 37, односно до 36 степени.

Речиси една третина од Американците – околу 113 милиони од нив – се под предупредување за топлина, од Флорида до Калифорнија до државата Вашингтон. Во Тексас ослободување од жештините наоѓаат во базените и во водните паркови. Силните ветрови и недостатокот на дожд во централните и западните области на Тексас, исто така, доведуваат до зголемен ризик од шумски пожари.

-Мора да се прилагодиме. Навистина, да, нашето општество мора да се прилагоди на овие температури, кои од година во година стануваат нови, некаква нова нормала. Поради климатските промени, можеме да почувствуваме дека овие топлотни бранови се појавуваат се почесто, станува се потопло и подолго. Она што го доживеавме минатата година и она што го доживуваме овде е увид на нашата идна клима, вели Клемент Албергел, научник за климатски апликации во Европската вселенска агенција.

Рекордни температури горат низ Европа, а следната недела е особено опасна на југот на Стариот континент. Грчките власти веќе го затворија иконскиот Партенон на атинскиот Акропол за туристи. Рекордно високо ниво ќе биде и од Јапонија до Северна Америка.

-Топлотните бранови, многу високите температури се меѓу најзагрижувачките климатски екстреми со оглед на ранливоста на нашето општество. Тие веќе се меѓу најсмртоносните временски настани во многу делови на светот, вели Клемент Албергел, научник за климатски апликации во Европската вселенска агенција.

Илјадници луѓе ги напуштаат своите домови бидејќи шумскиот пожар предизвикан од екстремните температури се шири низ Ла Палма на Канарските Острови. Таа природна катастрофа следеше на шпанските острови по повеќенеделната вулканска ерупција во 2021 година.

Италијанците го опишуваат своето чувство на третиот летен топлотен бран на полуостровот како печка. Напладне температурите беа околу 32 степени, што не е невообичаено за средината на јули.

Сепак, 16 градови се во црвена тревога, што значи дека топлината е толку интензивна што претставува закана за целото население, а не само за групите како што се постарите, клинички ранливите и многу малите деца.

Врвот се очекува во вторник, кога температурите на југот на Сардинија би можеле да достигнат 48 Целзиусови степени, во Рим помеѓу 41 и 43 степени Целзиусови, што ќе го собори рекордот од минатото лето.

-Навистина е повеќе од страшно. На пример, ние сме навикнати да ја сакаме топлината во Рим, но не и оваа топлина. Чувствувам дека оваа година беше потопла од вообичаено, вели една Римјанка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП