6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТешко дека можете да ја избегнете: Оваа секојдневна навика го уништува здравјето...

Тешко дека можете да ја избегнете: Оваа секојдневна навика го уништува здравјето на мозокот

Многу од нашите навики придонесуваат за лошо здравје на мозокот, но една од нив, велат лекарите, би можела да има најголемо влијание.

Според Harvard Health, навиката што ја имаат повеќето луѓе може да придонесе за побрзо стареење на мозокот, како и општо когнитивно опаѓање.

Тоа, како што велат, е премногу седење. Луѓето кои живеат таканаречен седaчки начин на живот се повеќе склони кон одредени здравствени проблеми поврзани со мозокот, како што се поголем ризик од деменција, губење на меморијата и намалена концентрација.

Истражувањето на оваа тема открива дека просечниот возрасен човек седи по шест и пол часа дневно, а тоа му штети на здравјето на мозокот. Студија од 2018 година, чии резултати беа објавени во списанието PLOS One, покажа дека премногу седење е поврзано со промени во дел од мозокот клучен за меморијата.

Авторите на студијата користеле скенирање со МРИ за да го следат медијалниот темпорален лобус (MTL), регионот на мозокот кој создава нови спомени, кај луѓе на возраст меѓу 45 и 75 години. Тие потоа ги споредиле снимките врз основа на просечниот број часови дневно што луѓето седат. Оние кои седеа најдолго имаа потенки MTL региони. Според истражувачите, слабеењето на MTL може да биде претходник на когнитивното опаѓање и деменција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП