25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗChrysler повлекува од пазарот 132.000 џипa

Chrysler повлекува од пазарот 132.000 џипa

jeepp

Американскиот производител на автомобили „Chrysler“, кој е контролиран од италијанскиот концерн „Fiat“, соопшти дека повлекува од пазарите на САД, Канада, Мексико и други земји околу 132.000 џипови.

Повлекувањето е поврзано со проблемот во програмата на системот за осигурување, која може да доведе до нарушување на работата на итната светлосната сигнализација. Од пазарот ќе бидат повикани возилата од моделот „Jeep Grand Cherokee“  за 2014-та.

Од „Chrysler“ соопштија дека засега немаат податоци за било какви сообраќајни незгоди предизвикани од овој дефект. Од компанијата ветија дека бесплатно ќе ги отстранат откриените дефекти во сите автомобили, кои се опфатени во овој повик.

Ова не е прв ваков проблем во оваа година. Во мај беа повлечени 469.000 џипови од целиот свет поради проблем со преносот, а во февруари други 370.000 модели на компанијата поради дефект, кој може да ги блокира тркалата при движење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП