2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Tesla Y“ е најпродаваниот автомобил во Европа

„Tesla Y“ е најпродаваниот автомобил во Европа

Во периодот јануари-мај американскиот производител продаде 103.716 примероци од електричниот кросовер „Y“ на Стариот континент.

Во првите пет месеци од оваа година, продажбата на „Tesla Model Y“ скокна за цели 270% во споредба со истиот период во 2022-ра година.

Второто место според продажбата го зазеде „Dacia Sandero“ (101.947 примероци), а третото место „Renault Clio“ (99.343).

Во првите пет се и „Volkswagen T-Roc“ (98.150) и „Opel Corsa“ (95.338 продадени примероци), според резултатите собрани од специјализираната веб-страница „focus2move“.

Интересно е што овој сајт, за разлика од некои други релевантни извори, ја вклучи Русија во анализата на европскиот пазар, па така „Lada Granta“ со 81.639 примероци се најде на седмото место на најпродавани модели во првите пет месеци од 2023-та година.

Погледнете ја комплетната листа на топ 10 најбарани модели во Европа (во загради е процентуалниот скок/пад на продажбата во споредба со истиот период во 2022-ра година):

1. „Tesla Model Y“: 103.716 (+270,0%)

2. „Dacia Sandero“: 101.947 (+37,2%)

3. „Renault Clio“: 99.343 (+36,9%)

4. „Volkswagen T-Roc“: 98.150 (+38,5%)

5. „Opel Corsa“: 95.338 (+33,5%)

6. „Dacia Duster“: 89.633 (+36,0%)

7. „Lada Granta“: 81.639 (+294,2%)

8. „Volkswagen Tiguan“: 78.875 (+39,8%)

9. „Peugeot 208“: 77.247 (-9,5%)

10. „Toyota Yaris“: 75.641 (+20,2%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП