25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАкциите на Tesla паднаа по oпожарeниот Model S

Акциите на Tesla паднаа по oпожарeниот Model S

tesla20s fire

Акциите на производителот на електрични автомобили, „Tesla Motors“ падна за повеќе од 6 проценти, откако еден од нивните автомобили се запалил на автопат во близина на Сиетл.

За инцидентот беше соопштено за прв пат во блогот „Jalopnik“ кој објави фотографии како гори електричниот седан „Model S Tesla“.

Од „Tesla“ ја потврдија автентичноста на сликите, но рекоа дека автомобилот се запалил во последица на несреќа, откако возачот помина низ „исклучително голем објект“.

Акциите на компанијата паднаа за 6.2 проценти до 180.95 долари, што е најголемиот еднодневен пад од јули наваму.

Лиз Џарвис – Шин, портпаролот на „Tesla“, изјави дека нема индикации дека пожарот е предизвикан од некој технички проблем.

„Ова не било спонтано појава. Сите информации што ги имаме до овој момент е дека пожарот е резултат на судирот“, вели портпаролот.

Претходно оваа година, компанијата ја објави прва добивка во својата 10 -годишна историја, која е стимулирана од продажбата на „Model S“.

Таа оствари профит од 15 милиони долари во првите три месеци од годината, а вкупните приходи достигнаа 562 милиони долари, што беше огромно зголемување од 30 -те милиони долари кои беа земени пред една година.

Од „Tesla“ објавија дека добиваат по 20.000 нарачки за „Model S“ годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП