Германската автомобилска индустрија закрепнува и произведе третина повеќе возила во првата половина на 2023 година отколку во истиот период минатата година, но сè уште е далеку под своите перформанси пред пандемијата, објави во средата здружението на секторот VDA.
Со 2,2 милиони автомобили, домашните фабрики испорачале 32 отсто повеќе возила од јануари до крајот на јули и го намалиле заостатокот во испораката на нарачани автомобили, велат од здружението.
Сепак, производството е сè уште помало за 10 проценти во споредба со 2019 година, а заостатокот во испораката на автомобили до клиентите е сè уште над повеќегодишниот просек.
Зголемувањето на производството го одразува намалувањето на тесните грла во синџирите на снабдување, рече претседателката на VDA, Хилдегард Милер (Милер).
Прогнозата се уште е мрачна. Гледајќи ја општата економска ситуација и состојбата на нарачките, може да се очекува дека стапката на раст наскоро ќе ослабне, рече Милер.