КОМПАНИИ

Easy Jet ја подигна прогнозата за раст на профитот за 2013 година

easy2

Британската авиокомпанија „Easy Jet“ објави дека во четвртото тромесечје од оваа фискална 2012-2013 година, завршена на 30 септември, ги зголемила приходите од работењето за шест проценти и благо ја подигнала прогнозата за годишните резултати.

Како што пренесува „Reuters“, овој нискобуџетен авио-превозник за целата 2013 година предвидел даночен профит во вредност од 470 до 480 милиони фунти (561-573 милиони евра), додека пак, претходно објавената прогноза била 450-480 милиони фунти.

Од компанијата објавија дека прогнозата е зголемена поради позитивните резултати кои ги бележат во моментов, зголемениот број на патници и резервации, како и намалените трошоци за работењето на компанијата.