27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Mazda“ го пензионира својот најголем теренец

„Mazda“ го пензионира својот најголем теренец

Северноамериканскиот оддел на „Mazda“ објави дека производството на најголемиот автомобил на марката, теренецот со три реда „CX-90“, практично заврши и 2023-та година ќе биде последната година во неговата историја.

Во соопштението на компанијата се наведува дека клиентите сега можат да го нарачаат новиот предводник на марката, „CX-90“, кој има надолжно поставен мотор.

САД беа главниот пазар за „Mazda CX-9“ за време на 8-годишниот животен циклус на моделот, со вкупно 85% од неговата продажба доаѓа од Северна Америка. Останатите автомобили беа наменети за Австралија, каде што продажбата најверојатно ќе биде прекината наскоро, односно откако ќе се исцрпат количествата оставени кај дилерите.

Цените на „Mazda CX-9“ во САД моментално започнуваат од 38.750 долари. Кросоверот доаѓа со 2,5-литарски турбо мотор, 6-брзински автоматски менувач и погон на сите тркала, при што основната варијанта има 3 реда седишта.

Наследникот – „Mazda CX-90“ чини малку повеќе, најмалку 39.995 долари. За овие пари, клиентот добива внатрешност со 8 седишта, 3,3-литарски мотор под хаубата, заедно со 8-брзински автоматски менувач и систем за погон на сите тркала.

Иднината на „Mazda“ е јасна кога станува збор за кросоверите, така што компанијата развива наследници на сегашните модели, иако со различен дизајн.

Новата гама на автомобили е главно со погон на задните тркала, додека нивните претходници беа главно со погон на предните тркала. Јапонскиот производител нема да се откаже ниту од седаните, бидејќи сегашната „шестка“ нема да добие наследник, туку ќе остане на пазарот додека има побарувачка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП