26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИReuters ќе отпушти 5 проценти од вработените

Reuters ќе отпушти 5 проценти од вработените

reuters1

Новинската агенција „Reuters“ најави отпуштање на пет проценти од вработените, пренесува неименуван извор близок до управата на редакцијата.

„Со цел да го поедноставиме и подобриме оперативниот систем за информации на „Reuters“, се одлучивме за промени кои ќе резултираат со благо намалување на вработените во редакцијата“, изјави за АП Барб Бург, директорката за комуникации на „Reuters“.

Според нејзините зборови, редакцијата на тој начин стратешки подобро ќе се организира и ќе биде подобро опремена за да може да му се помогне на „Reuters“ во пренесувањето на најважните информации до неговите клиенти.

Меѓутоа, директорката не прецизираше за колкав број станува збор. Од извор близок до АФП се дознава дека се работи за пет проценти од вработените.

„Reuters News“ конкурент на АП, има вработено 2.800 новинари според последниот годишен извештај на неговата американско-канадска матична куќа, „Tomson Reuters“.

Генералниот директор на „Tomson Reuters“, Џејмс Смит веќе најави можност за „тешки одлуки“ во претстојниот период, во пораката упатена кон вработените чиј број изнесува 60.000.

Новинската агенција „Reuters“ претставува само мал дел од бизнисот на „Tomson Reuters“, кој поголемиот дел од приходите ги остварува во финансиските трансакции во банките и на пазарите, и со доставувањето на посебни информации во финансиските, а пред се во правните домени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП