4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Франција мора да продолжи да штеди

ЕЦБ: Франција мора да продолжи да штеди

mario1

Франција мора да продолжи со напорите за намалување на државниот буџет и стуктурните реформи, иако веќе доста направи во таа насока, изјави Марио Драги.

Во поглед на буџетската политика и структурните реформи Франција направи значителен напредок, но таа мора уште да работи во тој правец, изјави Драги на прес-конференцијата за новинарите.

„Напорите за буџетското заживување се значајни, но износот на дефицитот и понатака е повисок од лимитот кој е утврден со регулативите на ЕУ, затоа, потребно е уште да се работи на тоа“, додаде претседателот на ЕЦБ.

„Истата порака важи и за структурните реформи. Значајните акции веќе се преземени, но треба да се вложат дополнителни напори во уште неколку домени“, изјави Драги.

Француската влада во нацрт-буџетот за 2014 година предвидува намалување на јавниот дефицит на 3,6 проценти од бруто домашниот производ (БДП), по 4,1 проценти од оваа година.

Претседателот на Француската централна банка, Кристијан Ноје, истакна дека реформите мора да продолжат со цел зголемување на потенцијалот на економскиот раст и контролирањето на јавните расходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП