2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСе будите поуморни отколку кога легнувате? Овој напиток ќе ве спаси!

Се будите поуморни отколку кога легнувате? Овој напиток ќе ве спаси!

Колку пати сте се разбудиле наутро поуморни отколку кога сте легнале на спиење? Решението за таквата состојба е, верувале или не, при рака, а многу нутриционисти го советуваат, тврдејќи дека е исклучително вредно за целото тело.

Станува збор за напиток кој се прави со цедење на половина лимон во чаша топла вода. Може да го намали крвниот притисок и дополнително да го хидрира организмот, а освен тоа енергијата буквално за миг расте.

„Свесни сме за многуте придобивки од пиењето вода, но ќе биде уште поздраво ако во неа додадете малку лимон. Водата наутро го хидрира телото и го намалува крвниот притисок, а доколку ви недостига енергија испијте шолја топла вода со половина исцеден лимон. Освен со вода, нивото на енергија можете да го подигнете и со правилна рутина пред спиење. Затоа, оставете најмалку три часа да поминат помеѓу последниот оброк и одењето во кревет. На овој начин вашето тело целосно ќе ја свари храната пред да заспиете. Ако се обидете да заспиете час или два по оброкот, нема добро да се одморите бидејќи варењето го нарушува мирниот сон“, објаснува нутриционистот Ајслин Кембриџ.

Друга работа на која предупредуваат нутриционистите, а која исто така ви црпи енергија се вештачките засладувачи. Тие, според нивното мислење, можат да бидат полоши за здравјето од природните шеќери“.

„Некои луѓе мислат дека сè што вели „без шеќер“ е поздрава и подобра опција, а всушност е полошо. Таканаречените „диететски“ пијалоци содржат состојка наречена аспартам, која нашето тело не може да ја преработи. Затоа има негативен ефект врз цревата. Тоа е многу поштетно од обичниот шеќер“, објасни Кембриџ за Mirror.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП