1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСè е подготвено за наплата на патарина со ист ТАГ меѓу Србија...

Сè е подготвено за наплата на патарина со ист ТАГ меѓу Србија и Македонија

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ, денеска изјави дека е завршено тестирањето за интегрираната наплата на тагови меѓу Србија и Северна Македонија.

Весиќ за Танјуг изјави дека пред неколку месеци беше објавено дека започнале преговори со Северна Македонија за српскиот таг за електронска наплата на патарина да работи во нашата земја и македонскиот таг да работи во Србија.

„Тоа значи дека кога ќе имате српски таг и ќе преминете во Северна Маледонија, повеќе нема да треба да плаќате патарина на секоја наплатна рампа, туку ќе можете да преминете и да ви се наплатува патарина“, рече Весиќ, наведувајќи дека ова ќе го забрза патувањето бидејќи граѓаните нема да мора да менуваат пари и да застануваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП