„Subaru“ го освежи моделот „Outback“ и за прв пат на купувачите им понуди 2.0 литарски боксер дизел мотор во комбинација со „CVT“ менувач.
Моделот за 2014-та година дизајнерски не се разликува премногу од акутелната верзија. Во промените беа опфатени заштитните облоги на долниот дел на возилото, кои сега се во боја на каросеријата (претходно беа црни), и редизајнираните 17 инчни алуминиумски тркала.
На купувачите ќе им бидат достапни и две нови нијанси на надворешноста – „Blue Pearl“ и „Dark Grey Metallic“.
„Subaru Outback“ во верзијата со 2.0 литарскиот боксер дизел агрегат ќе може да се порача во комбинација со „Lineartronic CVT“ менувачот. Просечната комбинирана потрошувачка на овој модел изнесува 6,3 l/100 km, додека пак емисијата на CO2 изнесува 166 g/km.
Покрај тоа, од „Subaru“ соопштија дека на „Outback“ го подобриле и системот за суспензија и управување.
„Outback“ во продажните салони во Европа ќе пристигне во ноември 2013-та година, а цената во Велика Британија за моделот со „CVT“ менувач ќе изнесува 31.495 фунти (oколу 37.700 евра).