30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЖелезничкиот сообраќај втор ден не функционира

Железничкиот сообраќај втор ден не функционира

zeleznicka

Железничкиот внатрешен сообраќај и денеска е во прекин откако вчера попладне машиновозачите стапија во штрајк. Причина за штрајкот, според Независниот синдикат на машиновозачите при МЖ Транспорт, е нередовната исплата на платите и ненавременото добивање сини картони.

Од Железничката станица во Скопје потврдуваат дека по стапувањето во сила на штрајкот има целосен прекин на сообраќајот.

Синдикатот вчера почна преговори со ресорното Министерство и најави дека штрајкот ќе трае се додека не се исполнат поставените барања.

Кон одлуката за штрајк на Независниот синдикат се приклучија и други синдикати во МЖ Транспорт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП