27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRyanair казнет со осум милиони евра

Ryanair казнет со осум милиони евра

ryanair1

Судот во Франција денес ја казни авиокомпанијата „Ryanair“ со повеќе од осум милиони евра, откако е донесена одлука дека се прекршени некои локални закони за работа.

Судот потврди дека „Ryanаir“ работел нелегално при вработувањето на повеќе од 120 работници според договорите од Ирска во своето некогашно седиште во Марсеј во периодот помеѓу 2007 и 2010 година.

Авиокомпанијата најави жалба на пресудата.

„Бидејќи сите наши работници кои работеа во Марсеј од 2007 до 2010 година веќе ги уплатиле своите придонеси во Ирска, што е во согласност со ирските и регулативите во ЕУ за вработување, не веруваме дека компанијата или нашиот персонал ќе мораат по втор пат да платат придонеси во Франција“, рече официјален претставник на „Ryanair“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП