8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА23 големи американски банки успешно го поминаа редовниот годишен тест за рецесија

23 големи американски банки успешно го поминаа редовниот годишен тест за рецесија

Сите големи американски банки успешно го поминаа редовниот годишен тест за рецесија, се вели во соопштението на американската централна банка, ФЕД.

Во случај на негативно сценарио, кое предвидува „силна рецесија“, ниту една од 23-те тестирани банки во САД не би банкротирала и сите би успеале да го задржат минималното ниво на капитал, се наведува на веб-страницата на ФЕД.

Овогодинешниот тест се базираше на сценарио за тешка глобална рецесија со пад на цените на комерцијалните недвижности за 40 отсто, а цените на становите пад на 38 отсто, со висока невработеност и намалување на економското производство.

Доколку ова сценарио, кое, меѓу другото, предвидува стапка на невработеност од 10 отсто, се оствари, банките сепак би забележале значителни загуби од околу 541 милијарда долари, се додава во соопштението на ФЕД.

-Резултатот покажува дека банкарскиот систем во САД е силен и издржлив – изјави Мајкл Бар, заменик-претседател за супервизија на ФЕД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП