1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТКиев тргна во офанзива по фијаското на Пригожин: „Почна падот на Путин“

Киев тргна во офанзива по фијаското на Пригожин: „Почна падот на Путин“

Тврдењата на Киев дека режимот на рускиот претседател Владимир Путин е на сè потенок мраз ги потврдија и последните настани во Русија, при што „рускиот цар“ ја загуби контролата над два града на руска територија, кои беа окупирани од паравоената формација Вагнер. Работата да биде полоша за Москва, оваа вест не ги изненади Украинците, напротив – тие го поздравија слабеењето на Русија и уште првата вечер започнаа жестоки напади, а истовремено тврдеа – ова е почеток на крајот на Путин.

Андриј Јермак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека Русија е влезена во ќорсокак по обидот за пуч и дека „одбројувањето“ започнало, пишува Би-би-си.

„Оваа терористичка земја изгуби контакт со реалноста. Светот мора да заклучи дека е невозможно да се има некаква сериозна врска со таа земја“, рече Јермак.

Започна, тврди тој, со катастрофалната одлука на Путин да започне инвазија на Украина во февруари минатата година. Еве зошто Владимир Путин не може да се спаси.

„Постојат неколку групи луѓе кои сакаат да ја преземат власта во Русија“

Без сомнение, тој е пред најсериозниот предизвик откако стана претседател на Руската Федерација во 2000 година, пренесува Нова.рс.

Други високи функционери во Киев велат дека се убедени дека на Путин му се спротивставуваат неформални, но организирани мрежи на незадоволни инсајдери во Кремљ.

Во неговиот кабинет, Алексеј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, рече дека Пригожин не е сам и дека неговите постапки може да ги повторат уште неколкумина.

Данилов смета дека тоа би можеле да бидат шефови на безбедносните сили, функционери и руски олигарси, кои сметаат дека одлуката на Путин да започне инвазија на Украина во февруари минатата година е катастрофа и закана за Русија.

Михаил Подољак, советник на претседателот Зеленски, се согласи дека има „неколку групи луѓе кои сакаат да ја преземат власта во Русија“.

Друг висок украински функционер, кој сакаше да остане анонимен, отиде чекор подалеку и посочи дека Путин ќе биде принуден да ги отпушти министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот на руската армија, генерал Валериј Герасимов, како одговор на уште еден воен неуспех.

Да потсетиме дека оставката на двајцата генерали беше клучно барање на Евгениј Пригожин и на бунтовниците на Вагнер.

„Пригожин ќе го добие тоа што го сакаше. Неговиот политички живот не е завршен. Нема да остане во егзил во Белорусија“, заклучува тој.

Киев го доби тоа што го сакаше

Сепак, не само Пригожин профитираше од оваа ситуација. Имено, истиот ден кога Вагнер го започна својот марш кон Москва, претседателот на Украина Володимир Зеленски и неговиот министер за одбрана изјавија дека во неделата одржале серија состаноци со сојузниците на Киев на кои разговарале за слабостите на Путин и последователните контраофанзивни акции на украинската армија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП