2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Иницијативата „Отворен Балкан“ и недостасува заедничка стратегија од државите учеснички!

На Иницијативата „Отворен Балкан“ и недостасува заедничка стратегија од државите учеснички!

Шест независни експерти од државите од регионот подготвија истражување за Иницијативата „Отворен Балкан“. Анализата се состои од мапирање на соработката помеѓу државите како и податоци за територијалните предизвици, и потенцијалот на земјите од Западен Балкан. Наведено е дека треба да се намали административниот јаз кој ја намалува ефикасноста во исполнување на целите на Иницијативата „Отворен Балкан“.

Наодите се претставени и пред бизнис заедницата каде е истакнато дека помеѓу државите учеснички во оваа иницијатива постои голема поддршка но и можност за иновации во делот на регионалната економска интеграција.И покрај досегашните напори на Владите на трите држави кои се дел од Иницијативата Отворен Балкан се уште недостасува стратешки план за подобра имплементација на овој регионален проект.

Студијата покажува дека земјите учеснички не се доволно ангажирани за побрза ратификација на усвоените договори во рамки на Иницијативата. Анализата покажува и дека за побрза и поефикасна имплементација на билатералните и мултилатералните договори кои треба да ја олеснат регионалната соработка мора да се подобри транспарентноста, да се избегнуваат негативни перцепции на самата Иницијатива, да се земе во предвид управувачката структура, подобра визија, подобрување на надлежностите на иницијативата со среднорочен план за развој.

Регионалната и националната соработка се засновани повеќе на ад хок состаноци отколку на структуриран дијалог меѓу основаните регионални и национални структури. ИОБ не содржи стратешки план што го утврдува текот за соработка. Наместо тоа, таа периодично објавува нови приоритети. Во однос на транспарентноста, или недостатокот на истата, се забележа дека албанските органи се воздржуваат од објавување на потпишаните договори. Но, ова не е случај со Северна Македонија. Владите на Србија и Северна Македонија ги објавуваат документите на веб-локациите на собранијата, при што Северна Македонија има и веб-локација посветена на ИОБ. Освен тоа, не постои единствена точка која ја следи имплементацијата на иницијативата, што значи дека не може да се најде никаков извештај за напредокот кој е постигнат досега за ниту еден од потпишаните договори и Меморандуми за соработка во согласност со ИОБ. Ова е показател за важноста на ова истражување бидејќи дава поблизок и подетален осврт на ИОБ. Овие оперативни практики се забележани како проблем и загриженост за ИОБ меѓу институциите и официјалните лица на земјите од земјите што не се учеснички во ИОБ. Отсуството на стратешки планови и владини рамки беше опишано како слабост на иницијативата. Меѓусебното работење, или недостатокот од истото, со другите постојни регионални организации и иницијативи, комплементарноста со правото на ЕУ и отсуството на цврста поддршка од ЕУ беа прашањата покренати од претставниците на сите три земји“, стои во истражувањето.

Истражувањето покажува дека оваа Иницијатива нуди можности во делот на слободното движење на стоки, а особено во делот на безбедност на храна прехранбени производи, интеграција на систгеми за наплата, слободно движење на услуги во делот на туризмот, култирата, кинематографијата, аудиовизуелната уметгност. Потоа слободно движење на работна сила, обезбедување на пристап до нови пазари на труд, електронска идентификација. Дополнително овозможуа соработка и помеѓу даночни органи, граѓанска но и заштита на животната средина, соработка во делот на енергетиката и рударството.

„Инцијативата „Отворен Балкан“ е создадена со амбиција да стане активен инкубатор за развој на соработка и координација во неинституционализирана средина за трите земји учеснички. Земјите учеснички ја сметаат за инкубатор што ќе ги донесе земјите на ниво кое ги пресликува четирите слободи на ЕУ. Не се смета дека е обврзувачка за земјите и не е конкурентна на други иницијативи туку напротив таа го поттикнува патот за постигнување на стратешките интереси на земјите кон целосно развиено членство во ЕУ и служи како порака од регионите дека овие земји сакаат целосно членство во ЕУ. Земјите што учествуваат во иницијативата „Отворен Балкан“ ја сметаат за стимулатор за пристапување во ЕУ, за креатор на нова динамика. Директното и редовното вклучување на лидерите на различни земји ја истакнува политичката волја на вклучените страни, одразена на стратешко ниво во владините програми и стратешки документи кои даваат приоритет на имплементацијата на оваа иницијатива. Во однос на структурата на имплементацијата, ИОБ се потпира на меѓуинституционалната координација на релевантните институции во однос на имплементацијата на потпишаните договори и Меморандуми за разбирање, како што се олеснети од страна на координаторите на ИОБ.“ се наведува во студијата.

Експертите забележуваат дека постои политичка волја помеѓу земјите што не се дел од оваа иницијатива, а тоа се Босна и Херцеговина и Црна Гора. Кај овие две држави има поддршка и покажуваат подготвеност да дискутираат за нивно можно учество во Иницијативата Отворен Балкан.

Косово е единствената држава од регионот која е цврсто против Иницијативата Отворен Балкан. Косово нема воспоставено билатерална соработка со Србија, и Босна и Херцеговина во релевантни политички области во самата иницијатива како што се културата, туризмот, даночењето и инвестициите.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП