6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMonsanto забележа неочекувана загуба

Monsanto забележа неочекувана загуба

monsanto11

„Monsanto“ најголемиот светски производител на генетски модифицирана храна, забележа поголема загуба од очекуваната во четвртиот фискален квартал.

Како причина, компанијата ја наведува слабата продажба на своите генетски модифицирани семиња.

Компанијата во четвртиот квартал, кој заврши на 31 август, забележа загуба од 249 милиони долари или 47 центи по акција, што е над загубата од 229 милиони долари или 42 центи по акција, од четвртиот квартал минатата година, пренесува агенцијата АП.

Приходите на „Monsanto“ пораснаа за пет проценти, на 2,2 милијарди долари, од минатогодишните 2,1 милијарди долари.

На зголемувањето на загубата влијаеше и падот на продажбата на генетски модифицирани семиња од соја за 38 проценти, на 87 милиони долари. Тој пад, сепак, е нутрализиран со растот на продажбата на најновите производи на компанијата, како што е генетски модифицираното семе од пченка, чија продажба се зголеми за 5,1 проценти, на 618 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП