3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБизнис заедницата очекува повисок раст од проектираниот

Бизнис заедницата очекува повисок раст од проектираниот

obrazovanie-biznis

Раст на економијата над проекцијата од 2 проценти годинава очекува и бизнис заедницата во Македонија. Очекувањата ги темелат на зголемениот извоз кон европските земји и податоците за раст на БДП во првите два квартала од годинава.

Ова го истакнаа претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески и извршниот директор на Сојузот на стопанските комори на Македонија Митко Алексов по најавата на гувернерот на Народната банка на Република Македонија дека се очекува растот на БДП да биде над 3 отсто.

– Очекуваме повисок раст затоа што го зголемивме во овој период извозот кон Западна Европа за 10 проценти што значи дека е позитивна тенденција, изјави Азески и додаде дека и во наредниот период очекуваат да има повисока стапка и дека тој оптимизам се пренесува и во Буџетот во 2014 година.

Алексов потенцира дека очекува годината да заврши со раст меѓу 2 и 2,5 проценти и оти ако биде повеќе ќе биде добро и за бизнис заедницата.

– На крајот од минатата година предвидувањата беа дека растот ќе биде 2 проценти. Позитивните движења во еврозоната во првиот и во вториот квартал позитивно се рефлектираат на нашето стопанство, особено во делот на зголемување на нашиот извоз. Податоците што ги имаме за економскиот раст во првиот и во вториот квартал се поголеми од очекувањата, но сепак очекуваме овие трендови да продолжат и во втората половина од годинава, можеби не со таков интензитет како во првиот и вториот квартал. Како и да е, годината ќе ја завршиме позитивно помеѓу 2 и 2,5 проценти доколку биде и повеќе тоа ќе биде подобро и за нас, истакна Алексов.

Во однос на најавената законска регулатива за финансиска дисциплина Азески посочи дека бизнис заедницата ја поздравува. – Ова е голема новина. Очекувам да има проблеми во примената, но подготвени сме за сите ризици и ако има компликации ќе се вршат дополнителни интервенции, истакна Азески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП