8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБезос застана на чело на Вашингтон пост

Безос застана на чело на Вашингтон пост

Jeff Bezos

Компанијата „Вашингтон пост“ објави дека ја завршила продажбата на својата издавачка дејност на основачот на „Амазон“ Џеф Безос.

Џеф Безос во август потврди дека ќе го купи тој бизнис за 250 милиони долари. Тој изјави дека нема детални планови за иднината на весникот, но нагласи дека е „голем оптимист“.

Компанијата „Вашингтон Пост“, која наскоро ќе биде преименувана, ќе задржи некои бизниси, вклучувајќи ја филијалата за обезбедување на образовни услуги „Каплан“, магазинот „Слејт“, онлајн списанието „TheRoot.com“ и магазинот „Форин Полиси“, како и седиштето во Вашингтон, во кое Безос ќе изнајми простор.

Вашингтон Пост кој го обелодени скандалот „Вотергејт“, почна да ги губи читателите и огласувачите, поради што неговата вредност се намали.

Безос го купи „Вашингтон пост“ како поединец и во оваа трансакција не учествуваше компанијата „Амазон“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП