27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако изгледа најскапиот „Golf“ во теренско издание (ФОТО)

Како изгледа најскапиот „Golf“ во теренско издание (ФОТО)

Осмата генерација на „VW Golf“ полека го губи здивот, но сепак може да понуди многу.

Особено кога зборуваме за спортската верзија „R“, која во специјалните изданија цели високо, како во однос на перформансите, така и во однос на цената.

„Golf“ претходно се нудеше во верзија на миниван и како издигнат модел, а малку постарите генерации ќе го паметат особено интересниот „Golf“ од втората генерација, познат како „Syncro“ и „Country“.

Сега компанијата „Delta4x4“, специјалист за „offroad“ модификации, најавува новитет токму на оваа идеја. Го зеде „Golf R“ како основа, а потоа го подигна за 80 mm. Има и специјални 18-инчни тркала со теренски гуми, како и комплетна „offroad“ декорација.

Дополнително осветлување, багажник за покрив и странични продолжетоци ќе ја зачинат сликата на овој моќен и брз компактен модел во „off-road“ верзијата.

Доколку има интерес, овој ѕвер ќе биде понуден во ограничена серија од 25 примероци. Се проценува дека на цената на „Golf R“ ќе треба да се додадат околу 35.000 евра.

Не се сомневаме дека тјунерот ќе најде 25 купувачи, бидејќи „Volkswagen“ успеа да ги продаде сите примероци од специјалната верзија на „Golf R“ за само неколку минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП