4 мај, 2024
ПочетнаСВЕТБајден го нарече кинескиот претседател Си диктатор

Бајден го нарече кинескиот претседател Си диктатор

Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот го нарече кинескиот претседател Си Џинпинг диктатор, велејќи дека Си бил многу засрамен кога неодамна беше соборен кинески шпионски балон што леташе над САД.

Бајден го изјави ова на собирање средства во Калифорнија, еден ден откако американскиот државен секретар Антони Блинкен се сретна со Си во Пекинг, со цел да се намалат тензиите и ривалството меѓу двете земји.

„Причината зошто Си Џинпинг толку се вознемири кога го соборив балонот со „два вагона шпионска опрема“ е затоа што не знаеше дека е таму. Тоа е голема срамота за диктаторите. Кога не знаат што се случило. Не требаше да оди таму каде што е. Скршнал од курсот“, рече Бајден.

Имено, балонот на почетокот на февруари една недела леташе над САД и Канада, а беше соборен по наредба на Бајден над Атлантскиот Океан.

Тој инцидент, кој предизвика Блинкен да ја одложи првично планираната посета на Пекинг, како и размена на посети меѓу американските и тајванските официјални лица, ги зајакна тензиите меѓу САД и Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП