10 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали да инвестирате во време на финансиска криза?

Дали да инвестирате во време на финансиска криза?

Stock Trader Clutching His Head in Front of a Screen Showing a Stock Market Crash

Финансиска криза е термин кој се користи, за економска состојба каде постои голем пад на вредноста на основните средства за инвестирање. Таа може да биде резултат од соединување на повеќе фактори кои можат да ја доведат економијата до колапс. Финансиската криза може да резултира со огромен пад на цените на акциите и во такво сценарио, инвеститорите кои инвестирале во акции можат да ги загубат своите пари. Дали тоа значи дека треба да се воздржите од инвестирање во време на економска криза? Па, не сосема, бидејќи финансиската криза не е нешто што не може да се надмине. Луѓето  кои инвестираат во текот на оваа фаза, почнуваат да заработуваат, бидејќи економијата се обновува. Сепак, опциите за инвестирање во текот на финансиската криза се ограничени и треба да знаете точно, каде и кога да  инвестирате за да остварите профит. Ако сте љубопитни да дознаете нешто повеќе за тоа, во продолжение ве советуваме како и каде да инвестирате.

Постојат два типа на финансиска криза: банкарска криза и пад на пазарот.

Банкарската криза е економска состојба во која банките не се во можност да издаваат кредити поради недостиг на пари. Вториот тип претставува пад на вредноста на пазарот, воедно е и ненадеен пад на вредноста на сите акции.

Инвестирајте во злато и сребро

Најдобрата карактеристика на овие скапоцени метали е тоа што, без разлика на нивните повремени флуктации, тие нема никогаш да ја изгубат целосната вредност. Значи, можете да ги вложите своите пари во купување на злато. Како што економијата ќе се опоравува така ќе се зголемува вредноста на овие метали, и Вие би остварувале профит.

Инвестирајте во сурова нафта

Слично на скапоцените метали, инвестирањето во сурова нафта е сигурна ивестиција. Нивната вредност може да падне, но при првото закрепнување цената стрмно ќе се зголеми. Значи Ве советуваме да купите акции во нафтени компании и да заработите.

Бидете ликвидни

Пред да инвестирате, осигурајте се дека имате доволно средства на банкарската сметка. Овие средства нека Ви бидат гаранција во случај да изгубите многу пари при инвестирањето. На тој начин ќе си го заштитите вашето домаќинство.

Исто така, расчистете ги сите долгови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП