Американскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил Бајден „го сакаат својот син и го поддржуваат додека се обидува да го обнови својот живот“, се вели во соопштението на Белата куќа во врска со обвинувањата против Хантер Бајден.
Хантер Бајден, во спогодбата за признавање вина, се изјасни за виновен за затајување данок на доход и нелегално поседување оружје, откако го прекршил законот во 2018 година кога купил пиштол додека бил на дрога, рече обвинителот задолжен за случајот.

