5 мај, 2024
ПочетнаСВЕТИстата подморница исчезнала на неколку часа и минатата година: Поранешен патник раскажал...

Истата подморница исчезнала на неколку часа и минатата година: Поранешен патник раскажал што се случило

Туристичката подморница, која исчезна во Атлантскиот Океан со пет патници, веќе еднаш исчезнала минатата година, открил патник кој во тој момент бил во неа.

Дејвид Пог, известувач за CBS Sunday Morning, изјави дека минатото лето експедицијата се изгубила на 2,5 часа и дека екипажот морал да се движи користејќи контролери за видео игри.

Минатата година во подморницата имало новинар, кога исчезнала повеќе од два часа. Пог го документирал тоа искуство за програмата.

„Можеби се сеќавате дека подморницата @OceanGateExpedition за #Титаник исто така се изгуби на неколку часа минатото лето кога јас бев на бродот…“, напиша тој на Твитер претходно вчера, заедно со клип од документарниот филм што го продуцираше.

Екипажот беше на море чекајќи да помине лошото време шест дена кога небото конечно се расчисти и брановите се смирија доволно за да се обидат да нуркаат.

Подморницата во која имало шест лица, меѓу кои и Пог, била спуштена во водата. Но, таа никогаш не успеа да стигне до потонатиот брод.

Подморниците се водени од текстуални пораки испратени од главниот брод, напиша Пог за CBS – нема ГПС под вода и нема друг начин за навигација на екипажот.

Неколку минути по потопувањето, тие изгубиле секаков контакт со главниот брод и биле оставени два и пол часа во вода, принудени да управуваат со бродот со контролер за видео игри.

За потсетување, американски и канадски спасувачи трагаат по подморницата, а се верува дека екипажот ќе има кислород до петок, поради што се води трка со времето за што побрзо лоцирање и отстранување на безбедно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП