Комерцијалните банки во земјава веќе некое време не прифаќаат ефективни парични средства во норвешка круна (NOK) и шведскa крунa (SEK).
Како што информираат од Македонската банкарска асоцијација (МБА), причината за тоа се прекинатите врски за размена на ефективните парични средства во овие две валути од страна на деловните банки во Норвешка и Шведска поради зголемена претпазливост во врска со нивната регулатива за спречување перење пари, за што има официјални известувања од централните банки на овие две земји.

