5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДоаѓа електричен автомобил со автономија од 1.500 километри!

Доаѓа електричен автомобил со автономија од 1.500 километри!

Се чини дека „Toyota“ доцни на забавата кога се во прашање електричните автомобили. Многу големи производители веќе длабоко имаат загризено, а „Toyota“ има само два сериски модели, вклучувајќи го и „Lexus“.

Но, нема да застане тука. Јапонскиот производител, кој се истакна во 21-виот век благодарение на хибридите, сега објави амбициозни цели за своите електрични возила кога станува збор за автономијата на возење.

До 2026-та година, подобрените батерии од „Toyota“ треба да обезбедат опсег до 1.000 километри. Но, ни тоа не е крајот на приказната: не долго потоа, електричен досег до 1.500 километри би требало да биде возможен во возилата на „Toyota“ благодарение на батериите во цврста состојба, т.е. батериите со цврсти електролити.

Од 2026-та година „Toyota“ сака да претстави нова серија модели во кои ќе се вградува нова генерација на литиум-јонски батерии.

За нивниот развој, Јапонците во мај оваа година основаа филијала наречена „BEV Factory“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП