7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Volkswagen“ со високи цели за раст на профитот

„Volkswagen“ со високи цели за раст на профитот

Германскиот бренд за патнички автомобили „Volkswagen“ планира да го зголеми профитот за околу 10 милијарди евра до 2026-та година за да ја исполни целта за профитабилност од 6,5 отсто, објави „Reuters“, цитирајќи ја објавата на социјалните мрежи на главниот финансиски директор на матичната компанија, Арно Антлиц.

Производството на возилата на марката, како и на единицата за производство на комерцијални возила на матичната компанија, „SEAT“, „Cupra“ и „Skoda“ ќе бидат поблиску усогласени во однос на ефикасноста, истакнува Антлиц.

На неговото објавување му претходеше говор на извршниот директор на „Volkswagen“, Томас Шефер, пред вработените, посочувајќи дека компанијата планира реструктуирање за да изгради постабилна основа, откако пријави враќање од само 3% за првиот квартал од годината.

„Volkswagen“ треба да претстави нови финансиски цели и ажурирана корпоративна стратегија за целата групација на Денот на пазарот на капитал закажан за следната среда.

Надзорниот одбор на групацијата „Volkswagen“ во вторник требаше да разговара за мерките за намалување на трошоците од најмалку 3 милијарди евра низ брендовите „Volkswagen“, „Seat“, „Skoda“ и „Cupra“ за да се постигне таа цел, изјави за разговорите за „Reuters“ извор запознаен со ова прашање.

„Оптимизирањето на ефикасноста на производството ќе биде клучно за производството на планираното основно електрично возило од 25.000 евра што ќе се произведува во Шпанија“, нагласи Антлиц на „LinkedIn“.

Минатиот месец, тој на конференција во Минхен изјави дека групацијата „Volkswagen“ има за цел да постигне паритет на профитабилноста меѓу електричните и конвенционалните автомобили до 2025-та година.

„Голем дел од паритетот на маржата зависи од суровините“, рече Германецот, цитиран од „Reuters“.

Според Антлиц, зголемените трошоци за суровини го принудуваат „Volkswagen“ да се потпре на сопствениот капацитет за производство на батерии за да го постигне овој паритет.

Групацијата „планира значителна позитивна маржа“ за својот нов електричен модел, „ID.2“, чие производство ќе започне во Шпанија во 2025-та година. Возилото ќе се нуди по цена од 25.000 евра, нагласи Антлиц.

Антлиц, исто така, во мај рече дека доцнењето со изнесувањето на автомобилите на „Trinity“ на пазарот му дава на „Volkswagen“ можност да ги догради постоечките капацитети во Волфсбург, потенцијално по пониска цена од опцијата од 2 милијарди евра за изградба на нова фабрика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП