5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНови детали за заедничкото возило на GM и PSA

Нови детали за заедничкото возило на GM и PSA

PSA-GM

„General Motor“ (GM) и групацијата „Peugeot-Citroen“ (PSA) објавија нови информации за моделите кои заеднички ќе ги развиваат овие две компании.

Договорот за соработка кој „GM“ и „PSA“ го потпишаа кон крајот на 2012-та година вклучува и развој на „MPV“ автомобил на платформата на таканаречениот „B“ сегмент. Предвидено е производителите на пазарот на излезат со заедничките модели кои ќе се произведуваат во фабриката на „General Motor“ во Сарагоса, Шпанија.

Партнерството подразбира „Opel“ (како дел на „GM“) да биде задолжен за конструирање на возила, додека моторите ќе ги обезбеди „Peugeot-Citroen“. Иако автомобилите ќе ги делат компонентите, „GM“ тврди дека моделите со амблемите на „Opel“ и „Vauxhall“ значително ќе се разликуваат од останатите и ќе бидат во целост во склад со карактеристиките на своите брендови.

Потврдено е дека новите модели ќе се најдат во продажба кон крајот на 2016-та година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП