24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Алкалоид“ доби дозвола за пласман на над 30 лекови на пазарите на...

„Алкалоид“ доби дозвола за пласман на над 30 лекови на пазарите на ЗНД

getImageThumbnail

Фармацевтската компанија „Алкалоид АД Скопје“ доби авторизација за пласман на над 30 свои лекови на пазарите во земјите-членки на Заедницата на независни држави (ЗНД), меѓу кои:  Ерменија, Азербејџан, Грузија и Туркменистан, а во исто врмеме почна и повеќе проекти во Казакстан.  Првите продажби во овие земји треба да започнат до крајот на тековната или на почетокот на следната година, соопштија од компанијата.

Паралелно со европската експанзија, како што се наведува, „Алкалоид“ работеше и на овој голем проект, чија главна цел беше пробивање на пазарите на ЗНД регионот. Концептот на овој проект, кој е сосема различен од европскиот, се темели на анализа на регионот како целина, но и детална анализа на сите пазари поединечно. ЗНД како регион кој глобално влегува во рамки на пазарите во развој, со себе носи многу специфики, особено во регулаторниот сегмент, каде критериумите за регистрација на лекови се движат од препознавање на Европската регулатива, до крајно специфични национални барања.

„Алкалоид“ останува посветен на натамошно ширење на своите операции во овој регион, за што веќе постои дефинирана стратегија, како проект за наредните години. Инаку, компанијата во рамки на тој регион е веќе присутна во Русија и Украина, каде има авторизации на околу 50 свои производи и активно врши продажби на овие пазари. Со ова Алкалоид АД Скопје ги продолжува активностите кон зајакнување на извозните позиции на компанијата како главна стратешка определба, стои во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП