21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMerck продолжува да ги намалува трошоците за вработените

Merck продолжува да ги намалува трошоците за вработените

merck1

Фармацевтскиот гигант „Merck & Co.“ најави натамошно намалување на бројот на вработени. Откако неодамна 7,500 вработени од групацијата „Merck“ останаа без работа, со оваа одлука бројот на вработени ќе биде намален за дополнителни 8,500 лица.

Генерално, бројот на вработени ќе биде намален за 20 проценти од 81,000 лица. Целта на оваа одлука е да се заштедат од 2,5 до 3 милијарди американски долари до крајот на 2015 година.

Поголемиот дел од заштедите ќе се реализира со намалување на административните трошоци, трошоците за маркетинг, како и трошоците за истражување и развој, при што 1 милијарда американски долари се очекува дека ќе биде заштедена до крајот на 2014 година.

Во 2013 година „Merck“ забележа пад на приходите од продажбата на износ од 11,01 милијарди долари, што е за 10,6 проценти помалку во однос на истиот квартал од 2012 година. Неодамнешното намалување на трошоците резултираше со речиси двојна помала добивка, која е намалена од 1,78 милијарди на 906 милиони американски долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП