20 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГодишната стапка на инфлација во Америка падна на 4,0 отсто во мај,...

Годишната стапка на инфлација во Америка падна на 4,0 отсто во мај, пониска беше и базната инфлација

Годишната стапка на инфлација во САД падна на 4,0 отсто во мај од 4,9 отсто во април, објави денеска американското Министерство за труд.

Пазарите прогнозираа малку повисока мајска инфлација од 4,1 отсто, што е најниска од март 2021 година.

Цените на енергетските производи во мај паднаа за 11,7 отсто на годишно ниво, побрзо од април кога паднаа за 5,1 отсто, додека цените на храната забавија – за 6,7 отсто наспроти 7,7 отсто во април.

Во мај побавно пораснале цените на новите возила – за 4,7 отсто во однос на априлските 5,4 отсто, на облеката за 3,5 отсто во однос на априлските 3,6 отсто, како и на транспортот за 10,2 отсто во однос на априлските 11,0 отсто.

На месечно ниво инфлацијата е зголемена за 0,1 отсто во однос на април.

Годишната стапка на базичната инфлација во САД, исто така, падна во мај на 5,3 отсто од 5,5 отсто во април, што е најниско од ноември 2021 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП