6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКолку пари има всушност Apple

Колку пари има всушност Apple

Earns Apple

„Apple“ е дефинитивно компанија на 21 век, а откако го завзема првото место на листата на најмоќни брендови, пристигнаа и иноформациите дека оваа компанија има и најмногу пари – 147 милијарди долари.

„Купот пари“ со кои располага „Apple“ претставуваат дури девет проценти од вкупните пари кои се во рацете на корпорациите во САД, не сметајќи го финансискиот сектор.

Американските компании во јуни 2013 година располагале со 1.480 милијарди во готовина, што е за околу два проценти повеќе отколку на крајот на 2012 година. Станува збор за 1,067 компании со седиште во САД кои ги оцени рејтинг агенцијата „Moody`s“

ИТ секторот во моментов е најбогат, а четирите кралеви на парите се „Apple“, „Microsoft“, „Google“ и „Cisco“, кој вкупно тежат 329 милијарди долари.

Сепак, „Apple“ е убедливо прв и располага со двојно повеќе пари од второпласираниот „Microsoft“, кој во своите сефови има 77 милијарди долари.

По ИТ индустријата, секторите кои имаат најмногу пари се здравството и фармацевтската индустрија. Зад нив е авто-индустријата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП