3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW повлекува над 170.000 автомобили

BMW повлекува над 170.000 автомобили

bmw-logo-with-headquarters

Германскиот автомобилски концерн „BMW“ преку соопштение до јавноста ја објави својата одлука да се повлечат над 170.000 автомобили ширум светот. Причината за ваквиот чекор на баварскиот гигант е поради проблемите со системот за сопирање.

Според луѓето од „BMW“ недостатоците можат да се покажат како сериозни, бидејќи водат до делумно блокирање на сопирачките и возачот ќе мора да вложи дополнителен притисок врз педалот.

Во овој повик се опфатени 176.000 возила, од кои 72.000 се продадени во САД. Во самата Германија станува збор за 6.800 возила.

Недостатоците влијаат на моделите на „BMW“ од 3-та и 5-та серија, како и Z4, X1 и X3, а сите возила се продадени по август 2012-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП