23 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАШефот на OpenAI: Не спијам добро поради генеративниот систем за вештачка интелигенција...

Шефот на OpenAI: Не спијам добро поради генеративниот систем за вештачка интелигенција ChatGPT

Не спијам добро мислејќи дека направивме нешто навистина лошо со развојот на системот за генеративна вештачка интелигенција (AI) на Chat GPT, рече извршниот директор на OpenAI Сем Алтман.

Тој изрази загриженост за време на неговата неодамнешна посета на Индија дека неговиот тим можеби не разбрал „нешто тешко и комплицирано“ додека го развивал ChetGPT пред да го претстави на светот, известува The Times of India (TOI).

На собирот во Њу Делхи, Алтман во исто време рече дека ChatGPT 5 е „многу далеку“ и дека неговиот развој бара многу работа и време.

„Секоја технолошка револуција води кон пазарот на трудот, без исклучок. Некои работни места ќе исчезнат поради вештачката интелигенција, но ќе има нови, подобри работни места“, оптимист е Алтман.

И покрај горенаведените стравови, тој изјави дека вештачката интелигенција е „една од најдобрите работи што човештвото некогаш ги создала“ и дека позитивните ефекти од вештачката интелигенција ќе се видат само во иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП