27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКризата со вода ја загрозува индустријата за алкохол

Кризата со вода ја загрозува индустријата за алкохол

Најголемата светска компанија за алкохол, „Diageo“, е загрижена дека климатските промени ќе доведат до недостиг на состојката која е од витално значење за производството на нејзините алкохолни пијалоци – водата.

Безбедноста на водата е најзначајниот ризик за климатските промени за производителот на џинот „Tanqueray“, пивото „Guinness“ и пијалокот „Baileys Irish Cream“, рече Мајкл Александар, глобален раководител за вода, животна средина и земјоделска одржливост во „Diageo“, кој имаше 43 локации во области под заканата за водата во светот во минатата година.

„Можете да бидете најефикасната пиварница или дестилерија во светот, но, тоа сепак нема да ви го намали ризикот доколку има суша“, вели Александар во едно интервју.

Планетата се загрева со супербрзо темпо, предизвикувајќи поинтензивни топлотни бранови, невообичаено долги суви периоди и нарушени временски обрасци. Ова ги принудува компаниите – од производителот на фармерки „Levi Strauss & Co.“ до британската угостителска компанија „Whitbread“, да усвојат стратегии кои користат помалку вода во индустриите познати по нивната висока употреба.

„Diageo“ презема слични чекори. Таа ги надгледува проектите за ефикасност на водата во Турција и сака да ја намали употребата на вода до 2030-та година. Водата сочинува над 60% од алкохолните пијалоци и 90% од пивото. Останатите состојки, грозје и жито, исто така зависат од наводнувањето за земјоделство, што го прави снабдувањето со вода апсолутно критично за синџирот на снабдување на „Diageo“.

Компанијата со седиште во Лондон е посветена на враќање на повеќе вода отколку што користи во сите „дефицитни области“ каде што работи до 2026-та година. Тоа се региони каде побарувачката на вода понекогаш ја надминува понудата или слабиот квалитет ја ограничува нејзината употреба. Меѓу овие земји е и Турција, каде што компанијата го произведува пијалокот од анасон, и Мексико, каде што произведува текила.

Компанијата користела околу 17,52 милијарди литри вода за своите операции во 2022-ра година, покажува нејзиниот индекс „ESG“. „Diageo“ е посветена на подобрување на ефикасноста на користењето вода за 40% до 2030-та година во споредба со нивоата од 2020-та година во области со недостиг и за 30% севкупно.

„Знаеме дека имаме добра стратегија, но знаеме и дека кризата се забрзува“, вели Александар.

Во текот на изминатите три до пет години, „Diageo“ започна да работи со корисници на вода надвор од неговиот синџир на снабдување, како што се земјоделците, комуналните претпријатија, другите големи индустрии и владите, промовирајќи закони насочени кон спречување на недостигот на вода.

Во Турција, проектот „Sahyar“ на „Diageo“ ја поддржува изградбата на инфраструктура за решавање на безбедноста на водата. Тамошниот дестилатор веќе обновува повеќе вода отколку што користи во некои области и промовира наводнување капка по капка, што ја штити почвата и го зголемува приносот.

Наводнувањето капка по капка, ја насочува водата кон коренот на растението, со што се намалува испарувањето. Со оваа иницијатива во Западна Турција досега се заштедени околу 93 илјади метри кубни вода од минатата година. Целта е да заштеди 177 илјади кубни метри пред крајот на 2026-та година.

Помагањето на турските земјоделци со поефикасна технологија за наводнување не само што заштедува вода, туку го намалува и јаглеродот.

„Тие не ги работат своите пумпи толку долго и не испуштаат толку јаглерод“, вели Александар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП