10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle ги продава лошите брендови

Nestle ги продава лошите брендови

nestle3

Еден од најголемите светски прехрамбени гиганти, „Nestle“, размислува за продажба на своите непрофитабилни брендови.

Оваа компанијата има намера да го подобри својот бизнис со откажување од компаниите кои долго време остваруваат слаби деловни резултати.

Генералниот директор на компанијата Пол Булке ги извести инвеститорите дека „Nestle“ составува листа од компании чиј бизнис може да биде подобрен и компании кои ја немаат таа можност, пренесува Ројтерс.

„Ќе продадеме одделни брендови. Сакаме да работиме, а не да вегетираме“, изјави Булке.

„Листата е веќе составена и сега на ред се конкретните потези“, изјави тој.

Приоритет е ефикасното управување со компаниите, структурната ефикасност и намалувањето на капиталните инвестиции, истакна директорот на „Nestle“.

Тој не ги именуваше брендовите од кои сака да се ослободи, но потенцираше дека некои од нив премногу долго ја одбегнувале контролата како и соработката на ниво на групата.

Компанијата „Nestle“ минатата година оствари приход од 92,2 милијарди швајцарски франци, а нејзината пазарна капитализација изнесува 203,81 милијарди франци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП