5 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАНамален бројот на новородени деца во 2022 година

Намален бројот на новородени деца во 2022 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година, во Република Северна Македонија се родени вкупно 18 183 деца, од кои живородени се 18 073, а мртвородени 110. Бројот на живородените деца во 2022, во споредба со минатата година, е намален за 3.1 %.

Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа од 51.2 %, односно на 100 живородени женски деца 104.8 се машки.

Според месецот на раѓање, најголем број раѓања, 1 717, имало во месец јули.

Според возраста на мајката, најголемо учество од 33.2 % имаат живородените деца од мајки на возраст од 25 до 29 години. Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања изнесува 29.4 години, а кај прворотките 27.7 години.

Генерациска година на раѓање на мајката која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1993 година.

Во 2022 година се регистрирани 17 живородени деца од мајки на возраст помала од 15 години.

Вонбрачни живородени деца се 2 298 или 12.7 % од вкупниот број на живородените деца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП