1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОфицијално: „Jaguar Land Rover“ го смени името и логото

Официјално: „Jaguar Land Rover“ го смени името и логото

Британскиот производител на автомобили „Jaguar Land Rover“ официјално го објави своето ребрендирање, кое сега ќе се вика „JLR“ и ќе вклучува четири посебни марки – „Range Rover“, „Defender“, „Discovery“ и „Jaguar“.

Промената, која беше откриена во април, е дел од новата стратегија на компанијата „House of Brands“, во која фокусот во иднина ќе биде на четирите брендови.

Што се случува со легендарниот бренд „Land Rover“? Автомобилите со тоа име нема да се произведуваат, но 75-годишната историја на „Land Rover“ ќе живее со беџови на автомобилите на другите четири марки, веб-страниците, социјалните мрежи и сајтовите за малопродажба.

„JLR“ е нов корпоративен идентитет, но и дел од новата стратегија „Reimagine“ на „JLR“ од 18,6 милијарди долари. По оваа цена, „JLR“ очигледно прави повеќе од само создавање ново лого. Производните капацитети се модернизираат и се доградуваат за електричната иднина, а производителот има планови брзо да се движи во таа насока.

Следната генерација на „ELR“ платформата на „JLR“ за електрични теренци е веќе позната, планирана да го поткрепи „Range Rover EV“ во 2025-та година. Во „Jaguar“ оваа година, исто така, ќе има нова платформа „JEA“ за три нови електрични автомобили, вклучувајќи „GT“ со четири врати, за кој се тврди дека има повеќе моќ од било кој производен „Jaguar“ во историјата.

„Централно место на нашата стратегија „Reimagine“ е формирањето на „House of Brands“, што е природна еволуција за подигнување и проширување на уникатноста на нашите препознатливи британски брендови“, рече професорот Гери Мекговерн, главен креативен директор во „JLR“.

„Нашата крајна амбиција е да изградиме навистина емотивно привлечни искуства за нашите клиенти кои, со текот на времето, ќе изградат долгорочен висок капитал за нашите брендови и долгорочна одржливост за „JLR“, вели Мекговерн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП