20 април, 2024
ПочетнаСВЕТУште една земја го легализира кокаинот!? Дали е ова новата „бела“ престолнина...

Уште една земја го легализира кокаинот!? Дали е ова новата „бела“ престолнина на Европа?

По тестирањето на контролираната продажба на канабис, градскиот парламент во Берн сега сака да им овозможи на граѓаните пристап до потешки сушпстанци.

Општинскиот совет на швајцарската престолнина Берн во четвртокот гласаше за проширување или префрлање на пробната продажба од канабис на кокаин.

Предлогот, претставен од партијата Алтернативна левица, беше усвоен со 43 гласа „за“, објави во петокот швајцарскиот весник СРФ. На предлогот се спротивставија советниците од десниот центар и верските советници, но тој беше поддржан од левичарите и некои членови на централно-левичарската Социјалдемократска партија.

Берн минатата година гласаше за тестирање на контролирана продажба на канабис, а федералната влада го одобри „проектот“ минатиот месец. Продажбата на канабис се очекува да започне во Берн оваа есен, а веќе започна во Базел, Цирих и Лозана.

Истакнувајќи дека федералната влада се согласила да дозволи продажба на канабис само по значителен притисок од повеќе градови, социјалната директорка на Берн, Франциска Теушер, рече дека нејзиниот град нема да ја натера владата да дејствува против кокаинот и дека гласањето во четвртокот испрати сигнал дека градот ќе биде отворен за идејата во иднина.

Сличен предлог беше отфрлен од Советот во 2019 година, при што социјалдемократското мнозинство тврдеше дека сакале да стекнат искуство со легална продажба на канабис пред да преминат на потешки дроги.

Швајцарија е жариште на кокаин, а околу пет тони прашок влегуваат во земјата секоја година. Според податоците на ЕУ, Цирих, Базел и Женева се рангирани меѓу првите десет во Европа за консумирање кокаин. Потрошувачката низ Европа е зголемена во последната деценија, при што жителите на Берн минатата година консумирале двојно повеќе од оваа супстанца отколку во 2012 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП